536
Литванија со порака до рускиот претседател, Владимир Путин откако Меѓународниот суд на правдата во Хаг издаде налог за негово апсење.
Тамошното МНР објави на Твитер фотографија од транспарент на облакодер во литванскиот главен град Вилнус, на него пишува „Путин, те чека Хаг“.
Putin, the Hague is waiting for you! https://t.co/5GwHc7k4VW pic.twitter.com/ErDPkARZyp
— Lithuania MFA | #StandWithUkraine (@LithuaniaMFA) March 17, 2023
Градоначалникот на Вилнус, Ремигијус Симасиус, во март минатата година ја напишал истата порака со спреј на улицата пред руската амбасада во градот, пишува Скај њуз.
Меѓународниот кривичен суд во Хаг вчера издаде налог за апсење на рускиот претседател Путин поради извршени воени злосторства.