Лиценците за онлајн игрите на среќа биле давани незаконски, вели Мицкоски

by Fokus

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека на владина седница се донесе одлука за укинување на лиценците за онлајн игрите на среќа, бидејќи според правното мислење од Министерството за финансии, истите се давани незаконски без да бидат запазени процедурите.

„Затоа што тие лиценци коишто се давани, се незаконски давани. И затоа што имаме начелно правно мислење од Министерството за финансии дека сето тоа што е дадено како лиценца е незаконски издадено. И Министерството за внатрешни работи и Финансиската полиција, но и другите институции ќе се погрижат да јавноста многу скоро ја дознае вистината за тоа како се давани, зошто се давани“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.

Поврзани новости