Лице сместено во карантин на Попова Шапка е позитивно на коронавирус

by Fokus

Едно лице од Радовиш сместено во државен карантин на Попова Шапка е позитивно на корона вирусот, информираат од Општина Тетово, чии медицински екипи од тетовската државна болница ја следат состојбата на граѓаните сместени во хотелите за изолација.

Од општинскиот кризен штаб информираат дека во хотелите „Арена Тетекс“, „Попова Шапка“ и „Славија“ се сместени 210 лица и уверуваат дека нивната состојба се следи според сите протоколи и се врши редовна дезинфекција.

Според последните официјални статистики, бројот на заразени во тетовскиот регион достигна 29 лица.

Поврзани новости