Секој мора да поднесе одговорност согласни законите, велат од Владата откако директорот на Македонски народен театар, Драган Спасов Дац, во пијана состојба вчера предизвикал сообраќајна несреќа, во која удрил 21-годишна девојка.
Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, денеска изјави дека лице кое сторило ваков тежок прекршок не може да раководи со институција и да извршува јавна функција.
-МВР и сите други органи ќе го истражат настанот детално и во најкус можен рок, а сите наоди ќе ѝ бидат презентирани на јавноста. Лице кое сторило ваков тежок прекршок и довело во опaсност друга личност, за среќа во случајот без сериозни последици по нејзиниот живот, не може да раководи со институција и да извршува јавна функција. Ова е ставот на Владата на РМ – рече Бошњаковски.