На седми јуни во 11 часот во Скопје ќе започне протестот на лицата со попреченост, на кој тие ќе ја пренесат пораката дека имаат право на достоинствен живот и бараат зголемување од 78 проценти на нивните примања.
Информацијата за протестот веќе се споделува на социјалните мрежи и се повикуваат сите граѓани да излезат и да им дадат поддршка.
-Политичарите увидоа дека со нивните примања од 1.000 евра не можат да живеат да врзат крај со крај на месецот, па си ја зголемија платата за 78 проценти, односно над 700 евра, додека повеќето граѓани работат максимално за околу 400 евра месечно.
Лицата со попреченост имаат примања од бедни 5.000 денари! Затоа, на седми јуни во 11 часот, Градски парк Скопје, сите лица со попреченост, сите граѓани, да побараме поддршка и за нас.
Да се покачат инвалидните примања за 78 проценти, да се покачат примањата на граѓаните за 78 проценти!
Верувам дека граѓаните ќе им дадат поддршка на лицата со попреченост, бидејќи знаат во каква ситуација се наоѓаме, но и тие самите во каква ситуација се наоѓаат.
Мораме да си помагаме едни на други како што политичарите си помагаат и сложно си ја покачија платата. Да им кажеме дека на седми јуни доаѓаме сложно – во видео порака истакна Благојчо Ѓоргиев од Кочани, кој е активист за правата на лицата со попреченост, а и самиот е лице со попреченост и користи помагало за движење.
Вики Клинчарова