55
Министерството за внатрешни работи ги повика сите граѓани кои наполниле 18 години утре да се упатат кон пунктовите низ државата за да се фотографираат за лична карта која ќе биде изработена во разумен рок за да можат да го оставарт своето гласачко право. Министерот Панче Тошковски денеска изјави дека се работи за околу 500 лица и постапката може да се заврши за еден ден.
За динамиката со која се изработуваат личните документи, Тошковски вели дека моментално се работи со целосен капацитет и дека не очекува да се зголеми во перидот што следи.
„За издавање на пасошот по итна постапка се чека пет до седум дена додека, по редовна постапка за околу два месеци. Да не се лажеме, тоа се капацитетите, изјави Тошковски по посетата на СВР Скопје.