Децата кои посетуваат градинка во Кавадарци се згрижуваат непречено за време на генералниот штрајк.
Иако во штрајкот биле вклучени сите вработени, за згрижување не децата биле ангажирани лица вработени преку агенција за времени вработувања.
Од општината информираат доколку некое дете не биде згрижено, родителите да се обратат до лицето одговорно за следење на процесот за згрижување, кое е присутно во детската градинка.
-Згрижувањето ќе продолжи нормално да функционира како и досега со сите услови за престој во временскиот период додека се одвива штрајкот.
Без попречување на штрајкот децата ќе бидат прифатени од вработените одговорни за прием во објектите во временскиот период како и досега.
Доколку било кој родител биде одбиен за прием на неговото дете, истиот може да се обрати до лице одговорно за следење на процесот за згрижување кое ќе биде присутно во детската градинка-информираат од Општина Кавадарци.
Вики Клинчарова