Листата на чекање за операции ќе се зголемува, вели Шабани

by Фокус

По три недели се враќаме во некаква нормала, од средата почнавме со хируршки интервенции, изјави Башким Шабани, хирург уролог, за проблемот со компримираниот воздух и кислородот што ги затвори хируршките сали на клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

-Сега засега се наоѓа привремено решение, меѓутоа не е трајно. Од средата почнавме со неколку интервенции, ќе видиме како ќе биде понатаму – рече Шабани на Телма.

Од средата, додава Шабани, се почнало со помали интервенции кои траат пократко и засега, како што нагласи, не е воочен никаков проблем во смисла со будење и постоперативен третман на пациентите.

Листата на чекање, според Шабани, ќе се зголемува, а поради претстојните годишни одмори, таа ќе биде уште поголема.

-Здравствениот систем во Македонија, за жал, е централизиран и најголемиот дел од хируршките интервенции се прават во Скопје. На листата на чекање моментно има околу 50-60 пациенти. Јас како хирург имам три-четири зафати, цела Урологија конкретно има околу 40 зафати неделно – истакна Шабани.

Поврзани новости