125
Вечерва Лисиче и Струмица дишат енормно загаден воздух. Според алатката за квалитет на воздухот на Министерството за живтона средина, измерени се 435 mg/m3, односно 401 mg/m3 што значи седум пати зголемување на ПМ10 честичките во воздухот од дозволеното ниво (50мг/м3).
По нив следува и Кичево со 394 mg/m3.
На страницата „iQair“, Скопје се искачи на шесто место, додека Сараево е најзагаден град во светот. И на оваа алатка Скопје и Струмица се најзагадени, а Скопје е загадено и на светскиот мониторинг сервис „WAQI“ кој во реално време ги покажува податоците за нивото на загаденост во сите градови во светот.