387
11 женски лица кои ги забавувале гостите во угостителски обејкт во Тетово се лишени од слобода, по акциската контрола од полицијата.
„На 12.10.2018 година околу 01.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект на улица „Коле Неделковски“ во Тетово, сопственост на А.Б.(41) од село Селце, тетовско. Притоа, во објектот биле затекнати 11 женски лица кои ги забавувале гостите (седум од Република Србија, две од Република Албанија и две од Република Македонија). Странските државјанки биле лишени од слобода и предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка“, велат од МВР.