Компанијата за патувања IVisa направила истражување за тоа кои се најсреќните градови на светот. За да дојдат до рангирањето, земале во предвид пет критериуми: очекуван животен век, број на сончеви часови, работно време, трошоци на живот и љубезност на локалното население.
Првото место според наведените критериуми го зазема Лисабон. Главниот град на Португалија годишно има дури 2801 сончеви часови, населението во просек работи 31 час неделно, а втор е по љубезност на населението.
На второто место е Барселона, во која во просек се живее 84 години, а неделно се работи дури еден час помалку отколку во Лисабон. Атина е на третото а Рим на четвртото место. Петтото место го зазема Сиднеј, а десетте најдобри се затвораат со Мадрид, Торонто, Сан Хозе, Истанбул и Бангкок. Првиот американски град на листата е Лас Вегас на 12-тото место.