691
Жител на Липково вчера попладне бил приведен во Полициската станица во Дебар, откако било констатирано дека поседува лажна возачка дозвола.
„На 23.04.2021 во 17.10 часот во Полициската станица Дебар бил приведен Ф.Б.(57) од општина Липково. При извршена контрола, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило со фалсификувана возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.