ЛИМАРО-ФАРБАРИСКИОТ ЦЕНТАР НА ЕУРОИМПЕКС ПРОСЛАВУВА 15 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

by fokus

Овој месец, Еуроимпекс одбележува 15 години постоење на лимаро-фарбарскиот центар!

Од почетокот на работењето на лимаро-фарбарскиот центар до денес, професионалците во тимот се имаат погрижено за преку 12.000 возила. Сега откако Еуроимпекс е генерален увозник ѝ за брендот Opel, се очекува бројот на задоволни клиенти да биде мултиплициран.

„Навистина импресивно и по малку носталгично звучат 15 години. Паметам кога го донесовме првото возило во работилницата и кога возбудата беше многу голема.

Денес сме авторизиран лимаро-фарбарски центар за два реномирани автомобилски бренда, кои компанијата Еуроимпекс ги застапува Peugeot и Opel.

Нашиот тим го сочинуваат 10 лица, врвни професионалци. Опремени сме со најсовремена технологија потребна за функционирање на еден врвен лимаро-фарбарски центар. Користиме авторепаратурни материјали од светски брендови, најнова опрема и секако оргинални резервни делови, кои подлежат под гаранција од принципалот Stellantis. Тоа се многу значајни предуслови за квалитетно завршена поправка и задоволни клиенти.“ – Изјави Менаџерот на лимаро-фарбарскиот сектор Александар Арнаудовски.

Долгогодишното искуство и постојаното вложување во практични и теоретски обуки на тимот, како и активното следење на трендовите и користењето на најнова опрема за мерење и поправка на геометријата на возилата, користењето на најнови материјали согласно ЕУ регулативите, не остава простор за сомнеж дека работењето беспрекорно ќе се преточи и кон германскиот бренд на Blitz.

„Лимарискиот центар на Еуроимпекс, го сочинуваат тим на професионалци на кој сме особено горди. Функцијата на тимот е високо сензитивна, најчесто се работи со клиенти кои имале немил настан или биле сведоци на истиот. Нам пред сѐ ни е од голема важност да помогнеме во сите ситуации каде тоа е можно и да градиме односи на доверба. Обрнуваме посебно внимание на односот со нашите клиенти, а потоа возилото да го доведеме во беспрекорна состојба, како што било и претходно.“ изјави Извршниот директор на Еуроимпекс, Зоран Серафимовски.

Лимаро-фарбарскиот центар на Еуроимпекс, ги понудува следниве услуги:

– авторепаратурна поправка на возила,

– ситни козметички корекции на каросеријата,

– поправка-Репарација на ветробрански стакла,

– полирање на предни фарови и задни штопови на возила,

– комплетно полирање на цело возило со адекватна заштита…..

Во моментов лимаро-фарбарскиот центар на Еуроимпекс, за двата брендови Peugeot и Opel се наоѓа во просториите на Бул.Трета Македонска Бригада број 72, 1000 Скопје, во сервисниот центар Peugeot.

ПР текст

Поврзани новости