Лимани, роднина на Ахмети, прв независен кандидат за градоначалник на Кичево

by fokus

Фатмир Лимани, професор по историја и поранешен заменик директор на ЕСМ, денеска поднесе кадидатурата како независен кандидат за градоначалник на Општина Кичево.

Тој во разговор за Фокус во март ја најави својата кандидатура и рече дека има реални шанси за изборна победа, иако нема поддршка од матичната партија.

– Како заменик-директор на ЕЛЕМ сум придонел за вработување на околу 500 луѓе. Но, секогаш сум гледал тие да бидат професионалци, а процесот да не оди партиска линија. Синот не сум го вработил и отиде во Швајцарија. Постапката треба да оди на конкурс, без привилегии. Тоа беше и една од причините зошто влегов во конфликт со раководството на партијата – ни изјави тогаш Лимани.

Лимани собра вкупно 420 потписи што е многу повеќе од неопходните 350 потписи, потврдија од ПО на ДИК во Кичево. Во исто време во овој град беше регистрирана и првата независна советничка листа со носителот Агим Садику.

-За претстојните локални избори денес ја имаме кандидатура на Фатмир Лимани како независен кандидат за градоначалник на Општина Кичево.Тој го собра неопходниот минимум од 350 потписи на граѓани и денеска официјално ја поднесе својата кандидатура.Во текот на денот ја има поднесено и првата независна советничка листа за која својот потпис го дадоа 372 граѓани, рече Младен Ванчоски, од Подрачното одделение на ДИК во Кичево.

Ванчоски појасни дека граѓаните ќе можат да ги доставуваат независните листи за собирање потписи за радоначалник или за совет во периодот од 16 до 30 август.

 

Поврзани новости