459
Пратеничката Лилјана Поповска на денешната пленарна седница истакна дека ќе гласа против измените на Законот за заштита од пушење.
„Не е добро да се воведува повторно пушењето во локалните и рестораните и да заличуваме на балканска крчма. Не треба повеќето луѓе во кафаните да се труеме, за да цвета бизнисот. Ние зелените секогаш сме против тоа да се наштети на здравјето на луѓето – тврди Поповска.