Општина Кратово ја најави манифестацијата „Златни денови, денови за паметење“ која ќе се одржи наредниот викенд.
Како што информираат од организацијата на настанот, од 2014 година па се до денес, Кратово е буден сведок на најдобрите забави и домаќин на илјадници посетители од Македонија и од регионот, кои на „Златни денови“ ги создале најубавите летни спомени. Најавена е богата забавна програма, со многу домашни музичари, а како главна музичка ѕвезда во сабота ќе настапи хрватската поп пејачка Данијела Мартиновиќ.
– Првата фестивалска вечер е во петок (05.07.2024) и градот ќе заживее во ритамот на најубавата македонска музика, благодарение на сите реномирани музички уметници кои ќе настапат.
Честа за остварање на фестивалот ја имаат Кратовски тамбураши, а забавата ќе продолжи со Трио Тајфа, Распеани кичевчани, мераклиите од Мерак меана, односно Блага Петреска, Влатко Миладиноски, Дамјан Стојаноски, Благоја Грујовски, Кате Брезева Соната, Златко Миладиноски, Елена и Лазар Наумови. Веднаш потоа публиката ќе има можност да се забавува на настапот на Brass Brothers и Диџеј.
Во текот на фестивалот, домаќин ќе биде единствената Лила Филиповска.
Во сабота (06.07.2024) први настапуваат Б.А.Д, локален рок бенд, а атмосферата дополнително ќе ја загреат Ana & The Girls. Ѕвезда на вечерта ќе биде една од најголемите балкански ѕвезди Данијела Мартиновиќ, која ќе обезбеди одлична забава и ќе приреди незаборавно фестивалско искуство за целата публика.
„Златни денови Кратово 2024“ ќе заврши со Диџеј Жак и со настапот на еден од најактуелните и најпопуларни музички артисти Пајак- информираат од општината.
Ветуваат богата музичка програма, одлична постава на реномирани изведувачи, еуфорија и денови за паметење, и ги поканија сите заинтересирани да присуствуваат на фестивалот.
Вики Клинчарова