Лил стана француски шампион со бод повеќе од ѕвездениот ПСЖ

by fokus

Фудбалерите на Лил на гости го совладаа Анже со 2:1 во рамките на последното 38-мо коло на француското првенство, со што по 4-ти пат станаа француски шампиони, овојпат со бод предност пред фаворизираниот Пари Сен Жермен, каде настапуваат неколку фудбалски супер-ѕвезди.

Стрелци за Лил беа Жонатан Давид во 10 и Бурак Илмаз од пенал во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме, додека Анже успеа да намали во втората минута од судиското продолжение на натпреварот преку Анџеоло Фулгини.

ПСЖ на гостувањето кај Брест победи со автоголот на Ромен Февре во 37 и погодокот на Килиан Мбапе во 71 минута, но тоа не беше доволно за четвртата шампионска титула по ред.

За Лил ова е четвртиот триумф во историјата на елитното национално натпреварува по титулите во 1946, 1951 и 2011 година,

Лил со тоа се израмни според бројот титули со Ница, а почесто прваци биле Ремс и Бордо со по шест, Лион со седум, Нант и Монако имаат по осум, ПСЖ и Марсеј по девет, а сѐ уште најмногу титули има Сен Етјен – десет, кој оваа сезона на заврши на 11-то место.

Поврзани новости