Ликвидираниот во Приштина бил еден од осомничените за убиството во „Шиша бар“?

by fokus

Лицето кое беше синоќа убиено во Приштина било еден од осомничените за двојното убиство во „Шиша бар“, неофицијално дознава „Фокус“.

Иако „Фокус“ испрати официјални прашања до институциите сепак засега нема никаква потврда дека убиениот во Приштина бил вмешан во убиството на 6 март кога беа убиени главните водачи на криминалната група „Дуќанџик“, Јетон Кривањева-Жила и во Енес Исеинов-Љаци од истата група, а мал дел во нозете на трето лице што седело со нив.

Според информациите кои веќе ги објавија косовските медиуми убиениот е македонски државјанин од Чаир, бил застрелан со калашников. Станува збор за Бљерим Даци кој користел лажни документи, а биле на име Бљерим Шабани.

Според неофицијалните информации на „Фокус“, тој го променил презимето по враќањето од Авганистан и Сирија. Бил поранешен припадник на Алкаеда кој издржувал казна затвор од 18 месеци во Пакистан. Неофицијално, тој е припадник на криминалната група „Барон“ закоа пишуваше „Фокус“.

Во Македонија бил во домашен притвор заради недозволено држење на оружје, но засега нема потврда ниту за ова. Косовските медиуми вчера објавија, а косовската полиција потврди дека вчера во автомобил со македонски регистерски таблици бил ликвидиран македонски државјанин.

Подалеку од местото на убиството беше најден запален автомобил за кој полицјата се сомнева дека е на осомничените кои го извршиле убиството.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости