70
Четириесет и едногодишен маж роден во Грузија ликвидиран е денеска во Солун, во близина на центарот на градот, а полицијата трага по жена и двајца мажи кои се осомничени дека го изрешетале Грузиецот од возило во движење.
Се се случило околу 16 часот. Жртвата наводно е од порано позната на полицијата, и се доведува до врска со криминалните кланови.
Во моментот на пукањето Грузиецот седел на мотоцикл и ја вадел заштитната кацига. Тогаш двајца мажи и жена во црвено „рено“ минале со голема брзина и испукале три куршуми кон жртвата, по што едниот го погодил во грб а другиот во рамо.
Очевидците кажаа дека се симнал од мотоциклот, и после неколку чекори паднал.