610
Ликот на младата шведска активистка за климата, Грета Тунберг се најде на нова поштенска марка во нејзината родна Шведска. Таа е во продажба од денеска.
Тинејџерката е прикажана како стои на карпа во жолт мантил, а над неа летаат ластовици. Илустрацијата е потпишана од Хенинг Тролбак.
Марката е дел од серијата наречена „Скапоцена природа“, а нагласката е на животната средина и еколошките цели поставени од шведскиот Парламент, соопшти поштенската компанија „Пост-Норд“.
Другите поштенски марки од истата серија покажуваат и знаменитости за кои Парламентот утврдил дека се важни за заштита на животната средина.