Лига на нации – Милевски го објави списокот на фудбалери за гостувањата кај Летонија и Ерменија

by Fokus

Благоја Милевски, селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, го објави списокот на фудбалери за претстојните два натпревари во Лигата на нации на УЕФА. Македонија за противници ќе ги има селекциите на Летонија и на Ерменија.

Македонија ќе гостува во Рига на 10. октомври и во Ереван три дена подоцна.

На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат 25 фудбалери. Во однос на претходните натпревари ново име на списокот е Андреј Стојчевски. Фудбалерот на Жилина е повикан поради суспензиите на Серафимов и на Зајков.

ГОЛМАНИ:

Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Валенсија (Шпанија)
Дамјан ШИШКОВСКИ – Борац Бања Лука (БиХ)
Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички

ОДБРАНА:

Висар МУСЛИУ – Падерборн (Германија)
Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар (Унгарија)
Јован МАНЕВ – Адана Демирспор (Турција)
Езѓан АЛИОСКИ – Ал Ахли (Саудиска Арабија)
Бојан ДИМОВСКИ – Акрон Тољати (Русија)
Ахмед ИЉАЗОВСКИ – Хвидовре (Данска)
Стефан АШКОВСКИ – Шанлиурфаспор (Турција)
Ѓоко ЗАЈКОВ – Крајова (Романија)
Андреј СТОЈЧЕВСКИ – Жилина (Словачка)

СРЕДЕН РЕД:

Енис БАРДИ – Трабзонспор (Турција)
Јани АТАНАСОВ – Краковија (Полска)
Тихомир КОСТАДИНОВ – Пјаст Гливице (Полска)
Елиф ЕЛМАС – Лајпциг (Германија)
Исник АЛИМИ – Сепси (Романија)
Давид БАБУНСКИ – Данди Јунајтед (Шкотска)
Димитар МИТРОВСКИ – Вараждин (Хрватска)

НАПАД:

Бојан МИОВСКИ – Џирона (Шпанија)
Милан РИСТОВСКИ – Бохемианс 1905 (Чешка)
Дарко ЧУРЛИНОВ – Јагиелонија (Полска)
Александар ТРАЈКОВСКИ – Хајдук (Хрватска)
Лирим ЌАМИЛИ – Сондерјиске (Данска)
Марио ИЛИЕВСКИ (ЦСКА Софија 1948)

Собирот на македонската репрезентација е закажан за 7. октомври во Скопје.

Во групата од Лига на нации, македонската репрезентација на воведните два натпревари одигра нерешено (1:1) на гостувањето во Фарски Острови и ја победи Ерменија во Скопје (2:0).

Поврзани новости