Лидија ќе го „чека” министерот во Кавадарци!

by fokus

Популарната српска актерка Лидија Вукичeвиќ доаѓа во Кавадарци. Таа е дел од актерската екипа која игра во претставата ,,Чекајќи го министерот”, комедија која ќе се одржи во Домот на културата Иван Мазов – Климе, на 14-ти април.

Покрај Лидија, во претставата играат и Семир Гичиќ и Сашо Ристовски.

Гичиќ исто така е автор и режисер на претставата. Влезниците за истата се продаваат по цена од 200 денари, а бројот на седишта е ограничен поради протоколите за пандемијата.

Пред три години, атрактивната 60-годишна актерка, која го освои регионот со улогата на Виолета Попадиќ во серијата ,,Подобар живот”, исто така имаше гостувања во Македонија со истата претстава.
Тогаш настапи во Скопје и Струмица.

Улогите во „Жикина династија”, „Развод на одредено време”, „Север и југ”, „Хотел со седум ѕвезди”, „Синѓелиќи” и многу други популарни филмови и серии ја одбележаа нејзината долгогодишна кариера.
Но, покрај улогите, таа е позната во Србија и по својот политички ангажман во Српската радикална странка, каде важи за истакнат член, а извесен период во 2007 година беше и пратеник.

Беше во брак со фудбалерот Митар Мркела со кого ги има синовите Андреј и Давид, а пред почетокот на пандемијата за српските медиуми откри дека е во среќна врска со петнаесет години помлад маж.

Вики Клинчарова

Поврзани новости