“Еј Пророку, Ние те испративме тебе како сведок, известител радосник и опоменувач. И со Алахова заповед, повикувач кон Неговиот пат, и светлосен предводник. А верниците израдувај ги дека од Алах имаат голема дарба. Не ги слушај неверниците и дволичните и не обрнувај внимание на нивните навреди кон тебе, и потприј се на Алах затоа што Алах е доволен заштитник.…,”. (ElAhzabë: 45-48)
Пишува
Хаџи ефенди Сулејман Реџепи
Почитувани читатели,мотивиран од многуте манифестации кои деновиве беа организирани од органите на ИВЗ во РМ по повод обележувањето на денот на раѓањето на нашиот сакан Пророк, дозволете ми да направам една споредба помеѓу нашиот вечен Водач и другиве релевантни водачи од нашиве времиња, со особено внимание, во нашето општество.
Нормално, не би сакал да бидам погрешно разбран со оваа споредба, бидејќи јасно е дека Мухамед а.с. за вечен водач ни го определи Семилосниот Алах, додека современите„водачи“ ги избира самиот народ според своите препораки, според партиските програми и според ветувањата, макар што, ветувањата треба да се сфаќаат само како „средство “ преку кое лидерот се ослободува од товарот на одговорноста.
Лидерот дава здрави насоки, а самиот тој треба да биде „ветувањето“ на една посигурна иднина и по просперитетна. Неисполнувањето на ветувањата секогаш се оправдува со „не дозволија“, „не сакаат“„немаше време“, „не се договоривме“, идр. Ниту едно безвреме не било пострашно од времето на Пророштвото на Мухамед а.с., времето, кога он доби наредба да биде водач на една мала група луѓе од кои потоа настана цел свет по себе.
Неговото доаѓање во нашата средина имаше света мисија: да го спаси човештвото преку ширењето на Вистинската Светлина, насочувајќи не кон единствениот прифатлив пат од Господ, преку ширењето на Исламската вера од исток кон запад, од север кон југ, вера која за целото општество проповеда мир и љубов, соживот и побратимство.
Го започна ова свето делување, како што рековме, со два-тројца луѓе. За кратко време постанаа стотици, илјадници, милиони следбеници на исламот. Денес може да се зборува за милијарди луѓе ширум светот.
Да застанеме за час кај овој сегмент и да подвлечеме неколку докази кои зборуваат за овој натприроден успех и да извршиме, како што реков на почетокот на текстот, една споредба со денешното време, во времето кога имаме доста лидери кои претендираат да имаат што повеќе следбеници зад себе.
Мухамед а.с. не беше образуван, не знаеше ни да пишува ниту да чита, сепак постана најсаканото суштество кај Алах џ.ш. Го прифати заветот со сета душа, ја започна работата со најголема искреност и никогаш не се предаде при развитокот на активностите за ширењето на Вистинската Светлина ширум светот. Тој, од сам почеток ја сфати важноста на заветот, товарот да се биде „Прв“, на чело на едно грандиозно дело.
Од првите следбеници ја оформи својата екипа, избра соработници со кои соработуваше до последниот здив. Тие не се издадоа меѓу себе, не се сменија и не се заменија со други, немаше пцуења, навреди, внатрешни конфликти и поделби до фракции, бидејќи помеѓу нив немаше измами, немаше корупција, немаше тајни спогодби за придобивки на сметка на следбениците, народот, нацијата.
Како ниту еден друг лидер, он наиде на многу тешкотии, на препреки и уцени, во спротивставености и во војни, но, никогаш не се повлече од неговата света цел, никогаш не се одмазди против никој што го војувал, не се обзеде со ниту една понуда и никогаш не им заврте грб на своите следбеници. Во ниту еден момент не ги разочарал, не ги манипулирал и не ги предал по никоја цена. Негов свет идеал беше пораката од Семоќниот Алах.
Но, овој идеал би можел да се оствари само преку зголемување на бројот на неговите следбеници, бидејќи некој требаше да го прифати, некој да го прошири, некој да го спроведе и на крај, некој требаше да изгине за тој идеал. Таму кај што започнува корупцијата, таму кај што се откриваат ситниќарски интереси, таму каде што успехот се пресметува врз логиката на материјалните придобивки, таму каде што во име на материјалните придобивки се прифаќа соработка и со непријателот, дури до смрт, таму каде што претходно умрел идеалот, умира искрената цел, умира одредената мисија (иако формално) низ партиските памфлети.
На ниту еден човек во историјата на човештвото не му идело при рака како што тоа беше случај со Мухамед а.с , неговите пораки, неговото однесување, неговото ораторство, да бидат причинители не само за остварување на еден идеал туку и за да изградат еден цел систем, да влијае во основањето на народните институции, да се воспостават основите на една држава со сите неопходни институции.Тој го издигна општествениот морал, институцијата семејство, системот на правдата, човечкиот пристап кон разните појави и феномени, економскиот и банкарскиот систем, и сите овие вредности, денес, несомнено дека се без конкуренција.
Начинот на создавање на човечки односи со соработниците и истомислениците, взаемната доверба, готовноста за взаемни жртвувања помеѓу Пророкот и неговите следбеници и обратно, зборува за еден водач визионер, неуморлив, некршлив, благословен со многу пријатели и љубители, почитуван до последниот здив од милијарда следбеници. Кому му идело ова при рака повеќе отколку на нашиот сакан пророк, за кој не само што сведочиме дека е белег на пророштвата туку останува доживотен модел за едно лидерство кое априори е загарантирано со доживотен успех.
И овој успех на ова лидерство има само еден пат: чекорење кон Светата Светлина, преку всадување доверба и преку рефлектирање искреност и само искреност. Ова беше личноста што го украсуваше Мухамед а.с. Надвор од овој пат има само ендеци, опасности, мрак, предавство и неуспеси.
Господе, овозможи ни да доживотно чекориме само по тој пат што е осветлен од Светата Светлина, и приврзи не доживотно за стеблото на уметот на нашиот Пророк, Мухамед а.с.
Светиот Куран вели: “Ако тие ти се спротивстават тебе( Мухамед) речи им: „Јас се поклонувам само на Алах, како и моите следбеници.” И кажи им на оние на кои им е дадена Книгата како и на неписмените: „Се поклонувате на Алах?” Ако го прифаќаат Исламот, тогаш го нашле вистинскиот пат. Но, ако одбиваат, твоја задача е само да им го пренесеш знаењето. Алах ги наблудува своите робови.” (Ali Imran, 20)
(Aвторот е поглавар на ИВЗ во РМ)