Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во моментов се на лидерска средба во Клубот на пратеници во Скопје.
Првиот човек на владејачката СДСМ доаѓа со план и три конкретни предлози, брифираат владини извори за државната МИА.
На средбата во Клубот на пратеници предвидено е тема на разговор на средбата да се одлуките што треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на државата, како и за пристапот на институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи.
По завршувањето на средбата планирани се изјави на кои ќе бидат соопштени детали околу разговорот помеѓу двајцата лидери.
Пред лидерската се одржа состанок на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, по кој партискиот потпретседател Тимчо Муцунски изјави дека став на партијата едека уставни измени под диктат не смее да има.