Лидерска средба за изборите во декември во Собрание, најави Ковачевски

by Fokus

Премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека средбата со лидерите на парламентарните партии за датум за изборите ќе се одржи во Собранието во декември. Тој повтори дека во мај има доволно простор да се оддржат редовни претседателски и парламентарни избори, но одби да потврди дали изборите ќе бидат на 8 мај.

„Се водат разговори со партиите за одржување на изборите и како што реков во мај има доволен простор да се организираат редовни претседателски и парламентарни избори. За одржувањето на изборите, планирам во текот на наредниот период, бидејќи декември нуди таква можност, да се одржи една средба во Собранието со парламентарните партии на која што ќе можеме да ги дефинираме сите детали за одржувањето на изборите и идната година да одиме на избори“ – рече Ковачевски.

Не кажа дали со ДУИ ќе настапат заедно.

„ Тоа е одлука на партиите и предмет на коалициски договори и во моментов за такво нешто не можеме со сигурност да зборуваме“ рече Ковачевски.

Поврзани новости