Лидерска средба Мицкоски – Ковачевски

by Fokus

Денеска лидерите на најголемите македонски партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во 11 часот во Клубот на пратеници треба да ја оддржат првата лидерска средба оваа година на која се очекува да главна тема да бидат уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот.

ВМРО-ДПМНЕ и натаму се противи, а од СДСМ се надеваат дека Мицкоски ќе ги прифати уставните измени бидејќи, според нив, тие се единствениот начин за патот кон ЕУ.

Вицепремиерот Бојан Маричиќ рече дека очекува на лидерска средба да бидат поставени сите прашања со уставните измени, да се разговара околу самиот текст и околу процесот како да се изведат тие најбрзо и наједноставно, со цел да ги продолжиме преговорите и да ја отстраниме евентуалната блокада.

На средбата како што најави премиерот Димитар Ковачевски, фокусот ќе биде на две теми, имплементација на одлуките за евроинтеграциите на земјата и втората ќе биде активностите на сите политичари во Македонија во врска со односите со соседите.

Поврзани новости