498
Организирање предвремени парламентарни избори ќе биде во фокусот на лидерската средба закажана за денеска попладне во 17 часот во претседателската резиденција „Вила Водно“, иницирана од претседателот Стево Пендаровски, откако државава не доби датум за почеток на преговори за членство со Европската унија.
Претседателот добил позитивен одговор од сите поканети – лидерите на најголемите парламентарни политички партиии од власта и од опозицијата. Речиси сите од нив во пресрет на средбата побараа предвремени избори, власта насока од народот за идниот пат на државата и нов мандат за да ги продолжи реформите, а опозицијата казна за Владата за неуспехот за почнување преговори со ЕУ и доверба за, како што велат, нов почеток за државата.