453
Никола Груевски, кој денеска ја најави својата оставка од лидерската позиција на ВМРО-ДПМНЕ, и вечерва дојде на протест пред Кривичниот суд против притворањето на осомничените за настаните на 27 април.
Како и изминатите два дена, и на денешниот протест имаше малку демонстранти, односно не повеќе од стотина. Груевски повторно немаше поддршка од партискиот врв.