Лидерот на сириските бунтовници: Падот на режимот е близу, бидете милосрдни кон цивилите

by Fokus

Падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад „е многу блиску“, порача вечерва преку соопштение лидерот на бунтовниците. Тој денеска ги повика своите борци да бидат „милосрдни“ кон цивилите.

„Стигнавте до прагот на Хомс и Дамаск, а соборувањето на криминалниот режим е на врата, затоа го повторувам мојот совет до вас, браќа мои, да бидете милосрдни, љубезни и нежни кон нашиот народ во градовите и селата. Влезете како скромни освојувачи“, рече во изјавата водачот на Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), Абу Мохамед ал-Џолани.

Ал-Џолани, исто така, нагласи дека сите војници на режимот кои пребегнуваат ќе бидат безбедни ако го положат оружјето.

„Кој ќе објави дека избегал од криминален режим, ќе го остави оружјето и ќе се предаде, тој е безбеден“, рече Ал Џолани.

Поврзани новости