Либанскиот министер за надворешни работи тврди дека лидерот на Хезболах, Хасан Насралах се согласил на 21-дневно примирје предложено од САД и Франција само неколку дена пред Израел да го убие во напад на Бејрут.
„Целосно се согласивме. Либан се согласи на прекин на огнот, но во договор со Хезболах. Претседателот на либанскиот Претставнички дом, Набих Бери, се консултираше со Хезболах и ги информиравме Американците и Французите. И ни рекоа дека Нетанјаху исто така се согласува со изјавата објавена од двајцата претседатели – Бајден и Макрон“, рече Абдалах Рашид Бухабиб.
Либанскиот шеф на дипломатијата додаде дека високиот советник на американскиот претседател Амос Хохштајн требало да замине во Либан за да преговара за прекин на огнот.
„Ни кажаа дека Нетанјаху се согласил со тоа и така и ние го добивме договорот со Хезболах. Знаете што се случи оттогаш“, рече Бухабиб во интервју за „Си-Ен-Ен“.