425
Лидерот на палестинската исламистичка група Хамас, Исмаил Ханије денеска изјави дека Палестинците нема да ја напуштат Газа или Западниот Брег за да мигрираат во Египет.
„Нашата одлука е да останеме во нашата земја“, додаде Ханије во телевизиско обраќање, пренесе „Ројтерс“.
Британската агенција потсетува дека Египет ја дели границата со Газа и е вознемирен од можноста жителите на енклавата да бидат раселени поради израелската опсада и бомбардирањето на територијата, започнато како одмазда за разорниот упад на милитантите на Хамас во Израел.