406
Лидерската средба, која почна денеска во 17 часот, заврши по час и половина без договор меѓу партиите. Никој од четворицата лидери по завршувањето на средбата не даде изјава, само нагласија дека наскоро ќе испратат соопштение за јавноста.
-Се договоривме да оставиме уште малку време, од неколку дена, кусо прокоментира претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
На средбата присуствуваа Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети, Мендух Тачи како и евроамбасадорот Аиво Орав и абасадорот на САД, Џес Бејли.