0
Денес во Брисел започнува ЕУ Самитот посветен на земјите од Западен Балкан, на кој за првпат со самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
-Овој настан го привлекува вниманието на целата европска и балканска јавност, поставувајќи го регионалниот дијалог и европските перспективи на земјите од Западен Балкан како централни теми на дискусија.
Под водство на Кошта, се очекува самитот да внесе нова динамика и визија во процесите за интеграција и регионална соработка, напиша премиерот Христијан Мицкоски, објавувајќи неколку фотографии од настанот.