615
Советот на министри за општи работи на ЕУ доцна попладнево заврши без заклучок за започнување преговори со Албанија и Северна Македонија, па одлуката се префрла кај шефовите на држави или влади кои ќе се сретнат в четврток и петок во Брисел.
И покрај обидите на финското претседателство да постигне компромис помеѓу земјите членки со тоа што ќе ги одвои Северна Македонија и Албанија, силен отпор дошол од Франција, Германија и Италија.
Париз одбива да се одвојат двете земји затоа што е цврсто против секакво проширување за сега, додека Берлин и Рим сметаат дека е премногу ризично е да се одвои Албанија затоа што постои шанса многу долго да чека по Северна Македонија.