110
Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека личните карти, кои се за внатрешна употреба, ќе важат и по истекот на рокот за нивна замена, а за пасошите ќе се разгледаат сите опции.
„Ќе ги испитаме сите опции со цел, ако има потреба, да се направи пролонгирање во делот на пасошите бидејќи тие им служат за граѓаните да може да патуваат надвор од земјата“, рече Ковачевски.
Информациите се дека вработените во Министерството за внатрешни работи веќе имаат издадено над еден милион пасоши во државата.
Одговарајќи на новинарски прашања, премиерот за иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ рече дека Уставниот суд ќе го каже своето мислење.