Лични податоци на скоро пет илјади студенти од државните и приватните факултети низ земјава деновиве протекоа на интернет.
Податоци со број на индекс, адреса на живеење, град, телефонски број, меил и лозинка на факултетската електронска пошта, беа објавени два дена преку официјалниот меил на Машинскиот факултет.
Како овие податоци излегле на виделина и дали станува збор за хакерски напад се уште не се знае. Деканот Дарко Данев вчера за дел од порталите изјавил дека биле преземени сите мерки за да се спречи понатамошното ширење на податоците.
Тој најави дека ќе достави барање до Дирекцијата на заштита на личните податоци за вонреден контролен надзор, со што би се откриле причините за протекувањето на личните податоци во јавност, но од таму не одговараат дали добиле барање и отвориле постапка.