883
Боби Павловски, Панки и Либеро Бенд најавуваат маратонска афтерворк забава во петок во Скопје, која ќе започне во 17 часот, и ќе трае со часови.
Како што ги нарекуваат, кралевите на ноќните свирки, заедно ќе гостуваат во Скопје, во ресторанот ,,Дион” којшто одбележува 13 години постоење.
Музичарите се доста популарни по своите енергични настапи. Редовни се на забави во локали ширум земјава, а во публика за време на нивните концерти можат да се забележат гости од сите генерации.
Нивното заедничко гостување го привлече вниманието на љубителите на добрите журки и се очекува навала од гости за време на забавата.
Вики Клинчарова