Либералната партија го поддржува протестот на хонорарците

by Фокус 12:49
12:49

„Правото на работа и заработка е законско и уставно право на граѓаните, еднакво како правото на работа и создавање профит на фирмите. Истовремено, начинот на работно ангажирање е право на избор на граѓанинот, а начинот на искористување на трудот и знаењето на работникот е право на избор на правните лица и фирмите. Со предложените законски измени околу хонорарите, Владата ги дерогира овие две основни економски права“- стои во сооштението на Либералната партија.

Според партијата, новото решение ги пореметува воспоставените односи меѓу работодавците и работниците ангажирани по основа на хонорарна работа, нивното функционирање на пазарот и перформансите на фирмите.

- Advertisements -

„Македонија денес се соочува со дефицит на јавните социјални, пензиски и здравствени фондови, но тоа е грешка и последица на погрешните политики на Владата, а не на граѓаните и фирмите. Затоа предупредуваме дека со овие законски измени Владата нема да ги дополни фондовите што таа ги осиромаши со своите погрешни политики во изминатите осум години. Затоа ние застануваме зад протестот и ја повикуваме Владата да го повлече спорното решение“- се вели во соопштението потпишано од претседателот Ивон Величковски. 

Поврзани новости