Либерална партија во одбрана на МКЦ: Дегутантно е да се поставува директор по партиски клуч

by fokus

МКЦ е бедем на културата кој подолго време работи беспрекорно, со една специфична енергија и неверојатно квалитетна понуда на културни настани. Има фантастичен тим, одлично раководство и директор кој доаѓа од јадрото на креаторите на програмата на МКЦ – и тоа треба така да остане и понатаму, велат од Либерална партија.

„ВД директорот Русе Арсов, е врвен професионалец кој долги години наназад е столб на културната политика и менаџирањето на таа институција, човек кој на кадровски план создаде тим на кој многумина би му завидувале.

Дегутантно е во МКЦ да се поставува директор по партиски клуч – човек кој никогаш не стапнал во МКЦ. Смената на ова професионално раководство со партиско – ризикува со дилетантизами ќе предизвика ненадоместлива штета за урбаната култура во Македонија и ќе се уништи една посебна енергија и мачно стекнато знаење.

Да не дозволиме и она малку професионално и квалитетно во државата да се уништи. Апелираме власта мудро и храбро да се одважи и да овозможи овој раководен тим и понатаму беспрекорно да менаџира со МКЦ“, додаваат од ЛП.

Поврзани новости