Либанскиот парламент денеска ќе се обиде да избере нов претседател, функција која традиционално е резервирана за христијанин, и која е празна од завршувањето на мандатот на поранешниот претседател Мишел Аун во октомври 2023 година.
Според медиумите, ниту една политичка партија во парламентот со 128 пратеници нема доволно претставници за да го наметне својот кандидат, а досегашните обиди за постигнување договор за заеднички кандидат завршија безуспешно.
Хезболах, кој неодамна постигна мировен договор со Израел, и неговиот сојузник, шиитското движење Амал, предводено од претседателот на парламентот Набих Бери, се откажаа од инсистирањето Сулејман Франџие да биде претседател. Наместо тоа, тие се подготвени да поддржат кандидат кој нема да предизвика поделби.
Во фокусот на вниманието како можни кандидати се командантот на армијата Џозеф Аун, кој според либански политичари има поддршка од САД, потоа Џихад Азур, висок функционер на Меѓународниот монетарен фонд и поранешен министер за финансии, Генерал-мајорот Елијас ал-Бајсари, шеф на Генералната безбедност.