490
На вчерашната маратонска седница на советот на Општина Велес на која советниците од Левица со помош на сите достапни законски и деловнички права се обидуваа да им ја укажат на коалицијата ДПМНЕ-ДУИ на чело со градоначалникот Колев, како и директорот на ЈКП Дервен, штетната одлука која ќе удри немилосрдно по буџетот на граѓаните, сепак советниците на коалицијата ДПМНЕ-ДУИ сложно, како и досега успешно си ја изгласаа оваа штетна одлука, реагираат од Левица.
„Со донесувањето на оваа штетна одлука му овозможија на Дервен користејќи ги граѓаните да си го ублажат огромниот дефицит кој со доаѓањето на директорот Наунчев неуморно расте секоја година. Иако голем дел од амандманите се однесуваа на намалување на процентот на покачување кој Дервен сака да го имплементира во сметките на граѓаните,сепак советниците од мнозинството не се вклучија ниту пак со помош на претседателот Љутков овозможија демократско, деловничка расправа по амандманите. Покачувањето кое граѓаните ќе го добијат на своите сметки од наредниот месец единствено ќе му овозможи на Дервен без проблем плаќање на 14те милиони денари кон Агенцијата за времени вработувања и намалување на дефицитот, додека граѓаните ќе продолжат да чекаат поквалитетни и ефективни услуги од претпријатието“, додаваат од оваа партија.