Партијата Левица ги осуди албанските партии ДУИ, БЕСА и Алијанса на Албанците, дека преку заедничката платформа само создаваат привид дека се борат за нешто, додека нивните заложби немаат ништо суштинско и не ги отвораат главните проблеми на граѓаните.
-Во услови кога голем процент од населението во Република Македонија живее во сиромаштија (460 000 луѓе се под прагот на сиромаштија, а 180.000 луѓе се во апсолутна сиромаштија), а Македонија е земја со највисоки класни разлики во Европа, Македонија е земја речиси без социјални програми, заедничката платформа на ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците е провокативнa и беспредметна.
Време е во прв план да се постават најгорливите прашања кои ги засегаат сите етнички заедници во оваа земја, а тоа се социјалните права. Ваквите заложби немаат ништо суштинско, односно само создаваат привид дека некој се бори за нешто, додека реалноста е спротивна. Ваквата реторика им одговара само на интересите на богатите кои преку подгревање на национализмот кај сите етнички заедници се обидуваат да го одвлечат вниманието од суштинските проблеми, а со тоа да спречат надетничко обединување на народот кое би ја загрозило нивната привилегирана положба во општеството. – велат од Левица.