Во општина Гази Баба, ќе се гради урбанистичко чудовиште од 50.000 квадратни метри – 16 згради со по над 10 ката, на простор поголем од ИстГејт мол – проект од кој ќе профитираат единствено фирми блиски до раководствата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а на штета на жителите на Гази Баба и Скопје.
Ова денеска на прес конференција го соопшти портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ. Според него, здружените фирми во овој бизнис подвиг, се познати имиња кои ги следат низа коруптивни скандали.
-Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ после 7 години опозиција не бира средства да ја наполни партиската каса, додека за СДСМ овој ентузијазам на нивните пријатели од ВМРО-ДПМНЕ е добродојден, бидејќи им овозможува непречено одвивање на криминалните дејности. Монструозните Детални урбанистички планови кои ги сервираат градоначалниците на ДПМНЕ, потврдуваат дека партијата никогаш не ги штитела народните интереси – туку работела само за интересите на олигархијата – и заедно со СДСМ им ја приредуваат мизеријата на жителите на Скопје и Република Македонија, рече Мециновиќ.