Левица влезе во неготинскот Совет

by fokus

Седум советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, седум советници од СДСМ и коалицијата е еден советник од Левица ги добија своите уверенија и ќе бидат претставници во Советот на Општина Неготино.

Ова е прв пат неготинскиот Совет да добие советник од Левица, а станува збор за Леон Ристов, кој освои 1.035 гласа на советничката листа. Листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освои 4.776 гласа, а пак на СДСМ освои 4.336 гласа, што значи дека Левица доби околу една четвртина од гласовите кои поединечно ги освоија листите на двете најголеми партии.

- Advertisements -

На што се должи брзиот раст на поддршката на Левица во Неготино, неготинчани кратко коментираат дека пресудно било незадоволството од двете најголеми партии, и желбата за позитивни промени во градот.

-Да се даде шанса на нови ликови, оти цели 30 години ротираат истите, а конкретен напредок во градот не може да се забележи – велат дел од оние кои го дале својот глас за Левица.

За влез во Советот во Општина Неготино се бореа и ТМРО, МААК и Единствена Македонија, но според бројот на освоени гласови не обезбедија ниту еден советник.

Вики Клинчарова

Поврзани новости