„Левица“ со маратонски говори ќе го блокира Законот за државјанство (Видео)

by fokus

Политичката партија „Левица“ со маратонски говори и забелешки на Комисијата за одбрана ќе се обиде да ги блокира измените на Законот за државјанство.

-На тензичната расправа, дел од пратениците на Алијанса и Алтернатива за Албанците, се заканија дека ќе биде прекинато излагањето на пратеникот Апасиев. На заканите, пратеникот Апасиев
возврати дека тој не чита поезија, за разлика од некои кои читаат и дека тој зборува на правни теми поврзани со државјанство.Во триесет години парламентарна демократија, ниту една влада не се осмелила да одземе збор на комисиска расправа, соопшти „Левица“.

- Advertisements -

Носењето на Законот за државјанство го договорија премиерот Зоран Заев и лидерот на Алијанса на Албанците Зијадин Села. Предлогот на Алијанса и Алтернатива државјанство да се добива само со тројца сведоци беше повлечен.

Поврзани новости