Левица со илјадници амандмани ќе ги блокира законите на власта

by fokus

Партијата Левица со илјадници амандмани секојдневно ќе ги блокира законите кои во Собранието ќе ги предложи владејачкото мнозинство, најави пратеникот Борислав Крмов.

Причината за ваквиот потег, како што кажа Крмов е зачестената пракса на пуштање на закони во скратена постапка, дискриминација на неалбанските пратеници оти добивале закони двојазично, а не само на македонски, како и како што рече тој, злоупотребата на европското знаменце.

Крмов обвини дека власта сервира најопасен преседан со тоа што со европско знаменце го пушта во процедура Законот за државјанство.

-Зборуваме за закон донесен зад затворени врати меѓу Алијанса/Алтернатива и СДСМ, издејствуван преку блокада во Собранието. Самите Алијанса и Алтернатива се фалеа дека ќе пумпаат 70 до 80 илјади државјанства со овој закон, баш пред пописот. Овој закон беше блокирна од Левица на Комисијата за одбрана и безбедност и сега власта, на очиглед на јавноста, го враќа назад и го пушта со европско знаменце, само да помине шверцерски и не става пред свршен чин. Како може еден закон без европско знаменце одеднаш да стане со европско знаменце? Такво нешто е невозможно. Законот ја крши Европската конвенција за државјанства и мора јавна расправа, посочи Крмов.

Поврзани новости