846
Партијата Левица потврди дека влегува во коалиција со десничарската ВМРО-ДПМНЕ во Советот на град Скопје, каде што парламентарната опозиција ќе го има мнозинството, со 24 советници.
Освен Левица, која има четири советници, во новото мнозинство, покрај десничарската ВМРО-ДПМНЕ (18 советници), ќе учествува и исто така десничарската коалиција Алијанса/Алтернатива, која освои две советнилки места во Градското собрание.
„Официјално ДУИ и СДСМ ја изгубија локалната власт во главниот град. Парламентарната опозиција обезбеди мнозинство во Советот на Скопје,“се наведува во соопштението на Левица.