Пратениците на Левица поднесоа предлог-закон за дополнување на Кривичниот законик со кој предлагаат воведување на кривична одговорност за судиите.
Според портпаролот на партијата, Амар Мециновиќ, јавноста долго време го чека овој предлог-закон поради општата недоверба во судството и сегашната правда несигурност.
Се предлага во Кривичниот законик, по членот 353 в, да се додаде нов наслов и член кој гласи кршење на законот од страна на судии.
-Согласно Уставот, секој е должен да ги почитува законите и Уставот, вклучувајќи ги и носителите на трите власт. Судската власт има клучна улога во обезбедувањето на владеењето на правото.
Ова решение е потребно бидејќи предолго во Македонија никој не поведува одговорност за тоа што граѓаните го мислат и тоа што не носи до погубни резултати. Овој закон не е против судството, туку против корупцијата во судството – рече Мециновиќ на прес-конференција во Собранието.