Левица поднeсе кривична пријава против Христијан Пендиков

by Фокус

Левица денеска информира дека до Основното јавно обвинителство Охрид поднела кривична пријава против Христијан Пендиков, генералниот секретар на бугарскиот културен клуб во Охрид „Цар Борис Трети“.

Од партијата велат дека пријавата се однесува на лажните изјави и клевети кон македонскиот народ и Македонија кои Пендиков ги изнел за време на интервјуто кое во февруари годинава го имаше за бугарската телевизија БТВ.

„Пријавениот во контроверзното интервју ги изнесува познатите негаторски тези на бугарскиот шовинизам дека Македонците и Бугарите се еден исти народ. Со ваквата изјава, Пендиков ја изложува на подбив Република Македонија, која е конституирана и постои како национална држава на македонскиот народ. Оваа изјава е дејствие директно насочено кон разгорување национална омраза и нетрпеливост, изложувајќи ја на подбив македонската националност и оспорувајќи ја нејзината посебност и самобитност“, соопштија од Левица.

Од партијата додаваат дека Пендиков се товари оти извршил повеќе кривични дела, односно – повреда на угледот на Републиката , излагање подбив на македонскиот народ  и предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.

Поврзани новости