Советниците на Левица во Советот на Град Скопје со писмено барање до Инспекторат на Градот Скопје и Сектор за заштита на животната средина, побараа вонреден инспекциски надзор над најголемиот индустриски загадувач на Скопје, цементарницата Усје, соопштија од партијата.
„Сомнежите за работата на УСЈЕ на штета на воздухот на Скопје се оправдани и поради тоа што минатата година, по извршените заеднички мерења на Градот Скопје и Министерството за животна средина, покажаа огромни пречекорувања на дозволениот испуст на гасови и честици од работата на УСЈЕ, кои сериозно го загадуваат воздухот и ја загрозуваат животната средина околу индустрискиот капацитет на овој правен субјект.
Поради сето ова, од надлежните служби во Градот но и од Министетерството за животна средина, бараме да направат вонреден инспекциски надзор над работењето на индустрискиот капацитет Титан Цементарница АД Усје Скопје“ соопштија од Левица.